октомври 24, 2021

ЗАВРШИ ЦИРКУЗОТ: СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ПЕТТИОТ ПАКЕТ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ, ГЛАСАА И ДВАЈЦА ПРАТЕНИЦИ ВО СКАФАНДЕРИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС

Собранието денеска ги изгласа трите закони од петтиот пакет економски мерки за помош на граѓаните и фирмите погодени од пандемијата на ковид-19. „За“ гласаа 113 пратеници, вклучувајќи ја и опозицијата, како и двајца пратеници од мнозинството кои дојдоа во скафандери и гласаа од посебна просторија, бидејќи се позитивни на коронавирус.

Станува збор за Законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, за месеците февруари и март 2021 година, Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здраствено-економската криза предизвикана од вирусот ковид-19, заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година и Законот за изменување на Законот за данокот на личен доход.

Пред да се изгласаат овие три закони на 36. седница, Собранието ја одржа и 32. седница, на која се гласаше за 20-тина точки, за кои расправата беше одамна завршена. На оваа седница присуствуваа пратениците од мнозинството, двајцата пратеници на Левица, како и пратениците од албанската опозиција. Сите точки на дневниот ред поминаа со 62 гласа „за“, колку што изнесува парламентарното мнозинство.

Откако заврши 32. седница, во салата влегоа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •