јуни 23, 2021

Maтичните лекари од внатрешноста се незадоволни, бараат да бидат стимулирани од државата

Maтичните лекари кои работат во малите општини имаат мал број на пациенти, со што не можат да се потпрат на сумата која ја добиваат за капитација, и сметаат дека треба да бидат стимулирани од државата. Дополнително, велат дека и износот на капитацијата е мал и би требало да се зголеми. 

Убедени се дека и во иднина бројот на пациенти ќе се намалува, а тие ќе бидат во уште понезавидна положба, и откако ќе се пензионираат, се плашат дека младите нема да сакаат да работат во такви услови. Сето ова ќе ги погоди луѓето кои живеат во малите места. 

„Оние лекари кои имаат по 3.000 до 4.000 пациенти нема зошто да се грижат, но јас во Берово имам 1.000 пациенти. Старите умираат, младите си одат, се иселуваат и бројот на пациенти се намалува. Оние кои остануваат овде, се повозрасни пациенти, имаат болести, и  тие по неколку пати во месецот доаѓаат на лекар. Кога ние ќе се пензионираме, ќе нема кој да ги лечи луѓето во малите места“, вели лекарка од Берово.

Африм Маќелара, лекар од Дебар објаснува дека финансиите се клучни и само на тој начин лекарите можат да бидат мотивирани.

„Како и за сѐ друго, така и за лекарите во малите места е тешко. Додека не се покачи капитацијата, џабе зборуваме, а таа е непроменета многу време. Младите лекари не сакаат да останат во примарна здравствена заштита“, додава Маќелара.

Д-р Лидија Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ) објаснува дека тие бараат да се промени…

Продолжете со читање на faktor.mk

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •