мај 19, 2021

Русија го возвраќа ударот, протерува 10 американски дипломати

Русија ќе побара 10 американски дипломати да ја напуштат земјата, како одговор на идентичната мерка што ја донесе Вашингтон, изјави рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров.

Покрај тоа, Лавров најави дека Руската Федерација ќе објави имиња на осум американски официјални лица вклучени во рускиот список за санкции.

Исто така, тој најави дека Русија ќе стави крај на делувањето на американски фондации и невладини организации за кои сметаат дека се мешаат во внатрешните работи на земјата.

Претходно, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден воведе нови санкции кон Русија и најави дека ќе протера дипломатски персонал, како одговор на мешањето на Кремљ во изборите во САД и хакерските напади врз институции во Вашингтон.

Бајден потпишал декрет со цел да спречи цела низа штетни активности на руската надворешна политика, се вели во соопштението од Белата куќа.

САД, исто така, објавија дека руската надворешна разузнавачка служба стои зад хакерските напади насочени кон федералната влада и голем број субјекти во приватниот сектор во Америка.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •