септември 23, 2021

Поделби и неизвесност околу утрешните седници – Талат Џафери повторно прво ја закажа 32-та седница

Спикерот Талат Џафери ја закажа, ВМРО- ДПМНЕ и Алијанса за албанците одбиваат да присустуваат и да обезбедат кворум за да се заврши 32- рата собраниска седница.

Собраниската драма продолжува утре во 14 часот со 32 –тата седница, а продолжува со 36-тата за помошта за граѓаните и фирмите. За втората има согласност, спорна е првата утрешна седница.

Недостигаат тројца пратеници од мнозинството кои се во самоизолација, а пратеничката група на СДСМ се подготувава да им обезбеди присуство во скафандери на отустните пратеници за кворумот од 61 пратеник.

„Граѓаните и компаниите во овие тешки моменти предизвикани од ковид кризата чекаат помош за да опстанат фирмите и за да ги зачуваат работните места.Затоа, ќе направиме се што е потребно и се што е можно за да се донесат законите поврзани со 5тиот пакет. Граѓаните треба да знаат. Опозицијата прави се за помошта да не стигне кај граѓаните. Ние правиме се за помошта да стигна кај граѓаните. На крајот, граѓаните ќе бидат победници. Парите на граѓаните мора да стигнат кај нив.“ – вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски.

Неизвесноста продолжува бидејќи според опозицијата собраниското мнозинсто тера инает и наместо за помошт со сет мерки инсиситра на седница на која најважни точки се усогласувањата со ЕУ за набавка на вакцини и националната стратегија за борба против корупција.

„Ќе дојдеме утре во собрание, но сметаме дека треба да се испочитува договорот прво да се стави пакетот анти кризни мерки на гласање.“ – тврдат од Алијансата за албанците.

Да за втората и НЕ за првата закажана седница. Ставот на ВМРО- ДПМНЕ останува непроменет иако за утре најавија присуство во собранието.

Од партијата на спикерот Талат Џафери инсистираат на опозициска согласност, бидејќи така е договорот од неодамнешните лидерски средби.

Собранието заглави откако Алијанса за албанците и Алтернатива поднесоа закон за Државјанство, а наидоа на отпор со амандамни. Жртва во парламентот останаа три закони за петиот сет мерки економска помош.

Но, и по 8 месеци епилогот од работата на парламентарците е 19 завршни седници од 39 отпочнати за 8 месеци.

За таа ефикасност секој од 120-те пратеници ја зел платата од 1100 евра во просек и уште стотина илјади евра за трошоци за 75 пратеници.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •