ноември 26, 2021

Пицула: Нема да дозволам Мицкоски да ме вовлече во неговата валкана игра

По изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека разговарал со словенечкиот премиер Јанез Јанша кој му потврдил дека тој нема никаков нон пејпер и дека за такво нешто треба да се прашаат Зоран Заев, словенечката европратеничка Тања Фајон и Тонино Пицула, со изјава за ТВ 24 се огласи Пуцила.

– Јас целосно ги отфрлам и осудувам обвинувањата и лагите на г. Мицкоски и сметам дека неговото однесување е доста навредливо, како што секогаш бев и ќе останам силен поддржувач на територијалниот интегритет и суверенитет на сите земји од Западен Балкан. Нема да дозволам господин Мицкоски да ме вовлече во неговата валкана игра. Но, мора да се каже, ова е во согласност со претходните обиди на ВМРО да се обиде да ја нападне социјалистичката влада на Зоран Заев и нејзините ’европски сојузници, вели Пицула.

Според него  ваквите изјави на Мицкоски одат заедно со поддршката на нивните сопствени сојузници во Будимпешта, каде нивниот лидер Груевски избега од кривично гонење и во другите истомисленици во главните градови.

– Како член на Европскиот парламент, горд сум што нашиот дом секогаш со големо мнозинство постојано го поддржуваше Западен Балкан на патот кон ЕУ и ќе продолжи да го прави тоа, почитувајќи го мирот и суверенитетот на земјите, преку стабилен пат на регионот кон ЕУ, што е во интерес на граѓаните на Западен Балкан, додава Пицула.

Сподели
 
 
 
   more