Натпреварот Тотенхем – Манчестер Јунајтед цензуриран над 100 пати од иранската државна ТВ, поради жена помошник – судија

Иранскиот државен телевизиски канал, наводно, го прекинувал преносот од Премиер лигата помеѓу Тотенхем од Манчестер јунајтед (1-3) повеќе од 100 пати, за да избегне прикажување на помошниот судија Сијан Мејси-Елис.
Според „Дејли меил“, на иранските љубителите на фудбалската игра ин беше прикажуван пејзажот на стадионот „Тотенхем Хотспур“ , во обид да спречат Мејси-Елис да се појави на екранот.
Зошто? Иранска група за граѓански права тврди дека државниот радиодифузер на Исламската Република не сакал гледачите да ги видат голите нозе на Мејси-Елис, која носела шорцеви.
И покрај тоа што Мејси-Елис едноставно си ја вршеше својата работа, сликите во живо од инаку многу почитуваната 35-годишна судијка, не беа емитувани поради строгите верски закони на државата.
Нивното решение беше да ја сечат акцијата и да вметнуваат погледи на улиците во Лондон, што всушност е исмејување на играта. На крајот од мечот, еден од коментаторите се пошегува дека се надева дека гледачите уживале во географското шоу. Цензурата е во ДНК на Исламската Република Иран. Не треба да ја нормализираме оваа практика. Ова не е наша култура. Ова е идеологијата на репресивниот режим , пишува “Give me sport”.
Ова е тоа што одеше во пренос:

Ова е она што го гледаа фановите во Иран:



Ова не е прв пат фудбалската игра да биде цензурирана во Иран.
Беџот на Рома, наводно, беше заматен во април 2018 година за време на известувањето за натпреварот од Барселона во Лигата на шампионите.



Една година подоцна, беше објавено дека натпреварот во Бундеслигата, Баерн Минхен против Аугсбург не беше прикажан на иранската ТВ затоа што судијата на натпреварот, Бибијана Штајнхаус, беше жена.


