септември 28, 2021

Драги Рашковски во вторникот побарал да се врати на професорското место на Правниот факултет “Јустинијан Први” при УКИМ

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, во вторникот од Деканатот на Правниот факултет на УКИМ побарал да биде вратен на професорското место откако ја депонирал оставката од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти, објави Телма.

На Рашковски како на вонреден професор работното место му било ставено во мирување, но за Деканатот било спорно тоа што во меѓувреме, како што сметаат од таму, не обавувал функција. Од таму, толкувајќи го Законот за избрани и именувани лица, бил функционер само додека бил владин генерален секретар, а потоа бил именуван единствено од премиерот Зоран Заев во неговиот кабинет.

Спорно било дали неговото работно место било функционер или административен службеник во Владата, бидејќи станува збор за позиција „секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти“.

– Според Законот за Влада, премиерот има право да го оформи тимот во својот кабинет. Во рамки на канцеларијата на премиерот, беше воспоставен Секретаријат за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на Програмата на Владата на Република Македонија, а  за секретар од страна на премиерот беше именуван Драги Рашковски, се вели во одговорот на Владата

Рашковски во моментов е во куќен притвор, а Обвинителството го сомничи за меѓусебно поврзани јавни набавки кои го оштетиле државниот буџет за 177.000 евра.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •