септември 24, 2021

Адвокатот на Камчев поднел кривични пријави против судиите што му го одредија притворот

Одбраната на осомничениот бизнисмен Јоран Камчев, Тони Менкиноски обвинува за злоупотреба на тајните служби за местенки на граѓани. Менкиноски поднел кривични пријави против Судијата на претходна постапка и Кривичниот совет кои одлучија за продолжувањето на мерката притвор, пред пет дена.

Менкиноски во писмото до медиумите наведува дека притворот е одреден врз основа на усмен исказ на доушник и дека до сега на одбраната не и е презентирана белешката составена од тајната служба односно од АНБ, што е прекршување на правата на неговиот клиент. Како што се наведува во писмото до медиумите од одбраната на Камчев, во решението на Кривичниот суд е посочено дека Камчев во февруари годинава се сретнал со разузнавач од Бугарија, припадник на служба за безбедност со која и претходно соработувал и се претпоставува дека ќе има поддршка за бегство во соседна Бугарија.

-Ваквата интерпретација на судот е срамна и навредлива за г-дин Јордан Камчев. Г-динот Јордан Камчев е македонски бизнисмен кој целокупониот свој капитал го има во РМакедонија.“ се вели во писмото на Менкиноски и додава дека Камчев никогаш ниту бил, нити имал намера да биде соработник на каква било странска служба.

Тој наведнува дека неколку пати до сега било побарано и иземање, но и кривични пријави против обвинителката Лиле Стефанова која 36 месеци како ја води истрагата за „ Империја “ во која Камчев е осомничен за перење пари и злосторничко здружение.

-Уште еден доказ за пристрасно, незаконско, скандалозно и тендециозно судење е и тоа што во предлогот на Обвинителката за продолжување на притворот навела десетици фирми во странство и оф-шор компании тврдејќи дека се во сопственост на г-дин Јордан Камчев што е ноторна лага и за истото до судот се доставени докази. Истовремено, обвинителката тврдела и дека г-дин Јордан Камчев поседува и стан во Бугарија што исто така е ноторна лага и истото е опфатено во жалбата која ја доставува одбраната на г-дин Камчев,  вели Менкиноски.

Камчев е приведен на 14 март годинава како осомничен за предметот „Плацеви на Водно “ односно за помагање во незаконското купување на плацевите на поранешниот премиер Никола Груевски.

Камчев е еден од осомничените и во случајот „Империја“. Овој случај кој го отвори поранешното СЈО , станува збор за финансиски криминал односно перење пари преку фирми во земјава и офшор-компании, а се истражуваат неколку кривични дела, како злосторничко здружување, оштетување или повластување доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари. Покрај Камчев, во овој предмет осомничени сè уште 12 лица, меѓу кои и Сашо Мијалков, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •