ноември 27, 2021

Холанѓаните препорачаа: Македонија е „златна дестинација“ за туристите

Холандската платформа „Reisgraag.nl“ спроведе истражување во кое го испитува задоволството на услугата на холандските тур – оператори, земји и туристички места, а холанѓаните кои зеле учество во анкетата Македонија ја избрале за „Златна дестинација за патување“.

Највисоко е оценета локацијата на државава со 8,2 поени, потоа рестораните со 8,1 и културата со 8 од можно 10 поени. Гостопримството е оценето со 7,9, а локалитетите со 7,8. Од градовите највисоко е оценет Охрид со 8,1, а веднаш зад него се Скопје, Битола и Струга со 7,6, 7,5 и 7,2.

Платформата која го спроведува истражувањето е и туристичка агенција која традиционално го  организира настанот „Reisgraag Awards” по повод доделувањето на награди на места, дестинации и земји кои добиле највисоки оцени од холандските гости.

Сподели
 
 
 
   more