јуни 21, 2021

Туристичките работници во вторник излегуваат на протест (видео)

Во вторник на протест и туристичките работници. Туризмот е пред колапс, а државната помош е без континуитет. 

Иако работат – интерес за патување нема, бидејќи државата е во црвена зона. Според нив оваа година е полоша од лани, а мерките за помош предолго се чекаат.

„Иако немаме забрана за вршење на дејност сепак промет нема, интерес нема, падот на прометот е 80, а кај голем дел од агенциите и 100%. Дури и тоа што се бара, не се знае дали ќе се реализира така да исто како да сме затворени.“ изјави Ана Марија Алексова, туристички работник

Бараат еднократна неповратна помош, ваучерите од ДомаСиДома да се користат исклучиво преку агенции и поради неизвесноста рокот на ваучерите за нереализирани патувања да се продолжи до крајот на следната година. Додека не се исполнат овие барања ќе останат на улица заедно со угостителите.

„Континуирана помош од страна на државата нема, гледаме што се случува со петтиот сет на мерки и тоа не можеме да го поднесеме, имаме револт од сето тоа затоа што долго чекаме за еден пакет на финансиска помош, цела година помина. Минатата година нашите барања за помош ги доставивме во април, помошта ја добивме на 23ти декември, годинава за жал немаме ниту средства ниту сили за да издржиме да го чекаме декември.“ истакна Ана Марија Алексова, туристички работник

Дека состојбата во стопанството е алармантна укажува и Стопанската комора. Претседателот Бранко Азески преку писмо до пратениците апелира денеска да ги донесат законите од петтиот пакет за помош на бизнисот.

Извор: Тв Канал 5

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •