јуни 23, 2021

Саша Богдановиќ се правда со штети врз буџетот доколку се укине ДУП-от за “Холидеј ин”, но зошто не распише рефендум за едно такво важно прашање за жителите на општина Центар?!

Дали и кој ги притиска градоначалникот и советниците на Центар да постапат спротивно на законот?

Вчера на седница на Советот на Општина Центар се расправаше за евентуална суспензија на Деталниот урбанистички план во кој влегува и парцелата 1.1 спроти „Холидеј Ин“, а за која пред два дена инвеститорот „МГ Фешн“ го претстави идејниот концепт. Намерата за суспензија на ДУП со новиот закон е префрлена на Советот на Општина Центар, но одлука сè уште нема.

Вчерашните препукувања на релација Богдановиќ – Белчева отворија дилема дали некој свесно ги притиска Богдановиќ и советниците да направат криминал?

Според новиот Закон за урбанистичко планирање штетите што би настанале од суспендирањето на планот и отстранувањето на недостатоците на урбанистичкиот план ќе ги сноси Општина Центар, а советниците кои би гласале за вака погубно решение за буџетот на општината и жителите можат да се соочат со правни реперкусии.

– Носење нов план не зависи само од општината. Во ставот 9 од последниот Закон за урбанистичко планирање е наведено дека штетата ја сноси тој што ја донесува одлуката за суспензија, односно Советот на Општина Центар. Треба да знаат жителите на Општина Центар дека доколку дојде до таква одлука од страна на Советот, од нивниот буџет ќе треба да се исплатат штетите. Јас управувам со општината и морам одговорно да ги трошам средствата на граѓаните на Центар, а граѓаните треба да знаат дека од нивниот џеб, од нивниот буџет да се исплаќаат огромните штети со кои може да се соочиме – изјави за медиумите Богдановиќ и потсети дека веќе има судски пресуди за исти вакви постапки каде што државата платила огромни суми.

На обвинувањата на советничката Јана Белчева, која вели дека градоначалникот веќе подолго време се обидува да се оправда, Богдановиќ изјави дека таа е единствениот советник во општината која притиска и се повикува на споменатиот закон, без притоа јасно да им укаже на граѓаните за последиците, односно дека според ставот 9 од Законот за урбанистичко планирање, доколку не успее целиот проект, може да има штетни побарувања.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •