ноември 30, 2021

Околу 15 милиони евра се влеале во приватните лаборатории за ПЦР тестови за една година (видео)

Тест за антитела на државно нема да може да направи секој. Кои критериуми граѓаните ќе треба да ги задоволат за да платат 73 наместо 736 денари, допрва ќе се утврдува.

Вакво објаснување даде Министерот за здравство Венко Филипче на прашање на Канал 5, а по официјалната потврда од Институтот за имунологија дека Фондот за здравствено осигурување наложил воопшто да не се проверуваат антитела на негов товар, туку кој ќе си инсистирал да си плати сам.

Ограничените пари на Фондот за здравствено осигурување се една од причините зошто оваа институција првично решила да упати официјален допис за да се прекине тестирањето на државна сметка. Другите наведени причини се дека според протоколите на надлежните ваквиот тест не се користел за дијагностика или третман.

По официјална објава на ваквиот допис на социјалните мрежи, граѓаните со бурни реакции. Дел од нив сметаат дека залудно плаќаат здравствено осигурување.

А дека досега повеќе плаќале од свој џеб и покрај тоа што имаат здравствено осигурување покажуваат и официјалните статистики на Институтот за јавно здравје, според кои речиси половина од сите досега тестирани граѓани, ПСР тестот си го платиле приватно. Од почетокот на пандемијата, заклучно со 11-ти месецов, дури 300.600 граѓани, или 45 % се тестирале во приватните лаборатории. Ако се направи груба математика земајќи 3000 денари како просек за еден тест, граѓаните досега на приватниците, само за тестови, им исплатиле без малку 15 милиони евра.

Извор: Тв Канал 5

Сподели
 
 
 
   more