септември 17, 2021

МУЦУНСКИ: УШТЕ ДЕНЕСКА ДА СЕ ИЗГЛАСА ПЕТТИОТ СЕТ МЕРКИ (ВИДЕО)

Време е, уште денеска, да се изгласа петтиот сет мерки. Време е Собранието да покаже одговорност, пратениците да си ја заслужат платата, истакна Тимчо Муцунски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

– Уште еднаш повторувам дека нашата пратеничка група бараше оваа помош да биде неповратна, а истовремено уште сега да изгласаме ваква помош покрај за февруари и март, и за април и мај. Целта, меѓу другото, е повторно да не ги ставаме компаниите и граѓаните во исчекување. Ние како пратеничка група нудиме решение. Седница за економските мерки денеска во 17:00 часот; во сабота во 12:00 часот; во недела во 12:00 часот; Седница во било кој друг термин кој ќе ги задоволи желбите на претседателот на Собранието. На таа седница ќе биде присутна пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Мнозинството нека обезбеди само 20 пратеници, не мора повеќе, и мерките ќе се донесат, рече тој.

Тој истакна дека целта е повторно да не се стават компаниите и граѓаните во исчекување.

Извор: Тв 24

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •