јули 5, 2022

Маркоска од СДСМ: Јас бев нападната физички и вербално со цел да ми се одземе правото на збор (видео)

Народе наш, жени и мажи. Не, пратениците не се бркаа за микрофонот. Не!
Јас бев нападната физички и вербално со цел да ми се одземе правото на збор и со цел ВМРО-ДПМНЕ да спречи граѓаните да ја добијат економската помош од државата!
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски дејствуваше агресивно за граѓаните да не добијат економски мерки и за да ми го одземе правото на збор. Притоа Мицевски ме вознемири!
Ова е класично вонземирување од позиција на лажна опозициска моќ. Но во ова нивно однесување се крие нивната НЕМОЌ!
Агресивноста на ДПМНЕ повторно ќе биде казнета од народот!

Фејсбук статус на Маркоска

Сподели