октомври 23, 2021

КРВАВ МАСАКР ВО САД, НАЈМАЛКУ ОСУММИНА УБИЕНИ И 60 ПОВРЕДЕНИ ВО ОРУЖЕН НАПАД ВО ИНДИЈАНАПОЛИС (ВИДЕО)

Ново масовно убиство во САДН ајмалку осуммина се убиени, а 60 повредени во оружен напад во Индијанаполис.

Инцидентот се случил во простории на компанијата Федекс во близина на меѓународниот аеродром, а веднаш по нападот, осомниочениот се самоубил. Властите стравуваат дека бројот на загинати може да порасне, бидејќи дел од лицата се здобиле со сеиозни повреди. Се уште не се познати причините за инцидентот а не е утврден ниту идентитетот на напаѓачот или дали и тој бил вработен во компанијата.

„После прелиминарниот претрес на теренот, внатре и надвор, откривме осум лица со прострелни рани. Тие веднаш беа прогласени се починати. Не информираа за многу други лица со повреди кои биле пренесени во локалните болници или кои само отишле во болница.“ – изјави Џен Кук – портпарол на полицијата на Индијанаполис.

Дел од лицата кои се затекнале во близина на складиштето на Федекс велат дела виделе едно лице со автоматско оружје како влегува во просториите на компнијата.

„Најпрво слушнав еден истрел. Потоа имаше неколку истрели по ред. Јас бев од спротивната страна на компнијата. Видов едно возрасно лице како пука и како вика нешто но не можев убаво да слушнам што е тоа.“

Од Федекс велат дека се уште не можат да потврдат дали напаѓаќот бил вработен во компанијата, но велат дека соработуваат со полицијата за да се утврдат причините за инцидентот.

„Безбедноста е нашиот главен приотритет. Нашите мисли се со семејствата на починатите и повредените.“ – се наведува во соопштението на компнијата.

Минатата недела претседателот на САД Џо Бајден објави дека ќе предложи да се засили контролата врз оружјето по серија масовни убиства кои ја погодија државата во изминативе неколку месеци.

Со планираните измени ќе се бараат построги контрлоли за сите кои сакаат да купат оружје а исто така ќе се забрани и продажбата на одредени видови на оружја.

Извор: Тв 24

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •