јуни 22, 2021

Во Плоче најдени 575 кг кокаин вреден 57 милиони евра, наменет за земјите од регионот (ВИДЕО)

Хрватската полиција запленила во пристаништето Плоче 575 килограми кокаин наменет за земјите од регионот, чија вредност на црниот пазар е проценета на околу 57 милиони евра, соопшти полицијата.

Кокаинот кој бил скриен во контејнер со овошје кој пристигнал од Јужна Америка и бил најден на крајот на март. Засега никој не е уапсен.

Според податоците на полицијата, запленетиот кокаин со висок квалитет не бил наменет за хрватскиот пазар, туку за соседните држави.

Се наведува дека ова е трет случај во оваа година на разбивање на синџирот на шверцување на кокаинот кој преку море стигнува во Хрватска за по копнен пат да се дистрибуира во соседните земји.

Во тек е понатамошно криминалистичко истражување, а воспоставена е и меѓународна соработка.

„Сите останати детали не можеме да ги објавиме бидејќи се води криминалистичко истражување во координација со канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал“, соопшти хрватската полиција.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •