октомври 22, 2021

ВИДЕО: Шефицата на Данската агенција за лекови се онесвести откако објави дека веќе нема да ја користат вакцината на „АстраЗенека“

Додека ја соопштуваше одлуката дека нејзината земја веќе нема да ја користи вакцината на „АстраЗенека“, шефицата на Агенцијата за лекови на Данска, Тања Ерихсен, се онесвести на прес-конференција.

Ерихсен се струполи на земја одеднаш. Таа била пренесена во болница, а данските медиуми информираа дека сега се чувствува добро.

Данска стана првата земја што ја прекина употребата на вакцината на „АстраЗенека“ оваа недела, додека европските официјални лица продолжуваат да анализираат десетици извештаи за многу ретки згрутчување на крвта во комбинација со ниски тромбоцити кој се појавија во земјите на Унијата, како и во Велика Британија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •