ноември 30, 2021

Шекеринска: Од 1 мај се повлекуваме од Авганистан

Радмила Шекеринска, министерката за одбрана, објави дека македонската армија како дел од Алијансата од 1 мај се повлекува од Авганистан, во рамки на одлуката на вчерашниот министерски состанок на НАТО.

„Сојузничките сили на НАТО од 1 мај започнуваат да се повлекуваат од Авганистан. Ова е одлуката од денешниот министерски состанок на НАТО. Македонската Армија учествуваше со над 2700 припадници во мисијата “ИСАФ” и со над 400 припадници во мисијата “Одлучна поддршка” во Авганистан. Сојузничката мисија во Авганистан завршува, но поддршката на НАТО за мирот и безбедноста во Авганистан продолжува“, објави вчера Шекеринска.

НАТО предводени од САД донесе заклучок од 1 мај да започне постепено повлекување на воените трупи од Авганистан.

Сподели
 
 
 
   more