септември 28, 2021

Модуларната болница во Струга затворена за пациенти

Иако одамна е готова и подготвена да ги прими првите пациенти, модуларната болница во Струга сѐ уште е надвор од употреба. Првично беше најавено дека во употреба ќе биде пуштена до крајот на јануари, но од тоа засега нема ништо, иако од тогаш поминаа три месеци. Директорот, Арменд Арслани, вели дека за сега нема потреба од тоа, бидејќи состојбата била стабилна.

„Според расположливите капацитети и според бројот на пациенти кои се третираат кај нас, ние за сега добро менаџираме со интерното одделение, каде се лекуваат овие пациенти. Но, во оној момент кога ќе имаме индикации дека ни е потребна модуларната болница, таа ќе биде ставена на располагање“, вели Арменд Арслани-директор на општа болница во Струга.

Ковид позитивните случаи од Струга во моментот се лекуваат на интерното одделение, каде што се лекуваат и пациенти со други болести, иако станува збор за одделни простории. Лекарите кои ги консултиравме, велат дека е штета при готов објект, интерно да се користи за таа намена. Инаку Струга секој ден пријавува помал број на позитивни случаи. Матичните лекари велат дека причина за тоа е немањето доволно термини за тестирање.

„Нема термини. Тешко добиваме. Може некогаш да се случи, некој да го откажи терминот па ние да го фатиме за наредниот ден. Инаку после три-четири или пет дена можеме да добиеме термин за ПЦР тест, што не е во ред, бидејќи до тогаш пациентот може да биде негативен“, вели Хаџер Алиед-матичен лекар.

Во струшката болница во моментот се лекуваат 25 пациенти, од кои 17 се на кислородна поддршка. Најмладиот пациент е на 36 годишна возраср,а најстариот има 92 години.Директорот вели дека се поготвени и за други сценарија,со би можеле да се соочат во следниот период. Во Охридската општа болница се хоспитализирани 110 пациенти. Имаат само уште десет слободни кревети

Во струшката болница во моментот се лекуваат 25 пациенти, од кои 17 се на кислородна поддршка. Најмладиот пациент е на 36 годишна возраст, а најстариот има 92 години. Директорот вели дека се поготвени и за други сценарија. Во Охридската општа болница се хоспитализирани 110 пациенти. Имаат само уште десет слободни кревети.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •