октомври 24, 2021

Мицкоски тврди дека има и афера „Мафија 2“: Околу 20.000 лица имаат по два матични броја!

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот брифинг со новинарите, изјави дека отвора афера „Мафија 2“, која се однесува на изготвување и издавање лични документи на исти лица со различни матични броеви во Македонија.

Тој појасни дека, покрај аферата Мафија, каде што структури на власта, како што рече, „изддавале патни исправи и документи за идентификација на криминални структури“, во оваа афера можело да се види дека „едни исти лица имаат по два матични броеви.”

„Според инфорамациите што ги добивме во Македонија постојат над 20.000 лица кои имаат по најмалку два матични броеви. Едно лице со два матични беоеви го има двапати во избирачкиот список. Со двоен идентитет лицата можат да ги злоупотребуваат државните институции, банките…, рече Мицкоски.

Тој посочи пример дека извесен Диме Димовски имал два матични броја, на кои се разликувале само последните 3 бројки. Со едниот број Димовски бил запишан во Чаир, а со другиот во Сарај. Или Џадин Адемовски, со еден матичен број бил запишан во Сарај, а со друг во Чаир.

Мицкоски прашува како е можно ова, кога во 2016 година избирачкиот список бил прочистен. Затоа упати сомнеж дека аферата се реализирала во изминативе години, кога министер за внатрешни работи е Оливер Спасовски.

-Оливер Спасовски е веќе шеста година министер за внатрешни работи. Истовремено избирачкиот список и лицата со двојни матични броеви беа прочистувани пред изборите во 2016 година, кога повторно министер за внатрепни работи беше Спасовски. И ако тогаш опозицијата и власта СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ коснтстираа дека избирачкиот список е прочистен, односно избришани се двојните матични броеви, тогаш како денес постои сомнеж за околу 20.000 двојни матични броеви и како тоа на директорот на Управата за водење матични книги, која е под Правда, му недостасуваат 100.000 обрасци. Сето ова дава сомнеж дека нешто се случувало изминатите 4 години, рече Мицкоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •