август 5, 2021

„Време е да се оконча најдолгата војна на Америка“: Бајден го објави повлекувањето на САД од Авганистан до годишнината од 11/9

Американскиот претседател Џо Бајден официјално соопшти дека американските војници ќе го напуштат Авганистан до септември, со што ќе му се стави крај на 20-годишниот конфликт.

Повлекувањето нема да биде остварено до крајниот рок 1 мај, за кој САД се согласија во мировниот договор со талибанците.

„Не можеме да го продолжиме циклусот на проширување или зголемување на нашето воено присуство во Авганистан, со надеж дека ќе создадеме идеални услови за нашето повлекување, очекувајќи поинаков резултат“, рече Бајден попладнево. „Сега јас сум четвртиот претседател на САД што претседава со присуство на американски трупи во Авганистан. Двајца републиканци. Двајца демократи. Оваа одговорност нема да му ја пренесам на петтиот“.

„Време е да ѝ се стави крај на најдолгата војна во Америка. Време е американските војници да се вратат дома.“

Бајден рече дека „конечното повлекување“ ќе почне на 1 мај – крајниот рок до кога САД требаше да го завршат повлекувањето според условите на договорот од Доха во 2020 година помеѓу Вашингтон и талибанците – и да заврши најдоцна до 11 септември.

И датумот на повлекувањето и местото на соопштувањето на одлуката беа одбрани како симболични. Бајден зборуваше од Собата за договори во Белата куќа, истото место каде што претседателот Џорџ В. Буш ја објави инвазијата во Авганистан во 2001 година, по терористичките напади на 11 септември за кои беше обвинета Ал-каеда.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •