мај 19, 2021

Што се случува со ветувањето за отпис на каматите на заостанатите сметки кон јавните претпријатија?!

Влада на РМ

Според она што беше најавено на презентацијата на Петтиот пакет мерки во февруари, мерката треба да опфати најмалку 180.000 граѓани на кои јавните претпријатија и другите државни компании и институции ќе треба да им ги избришат каматите на долговите, под услов тие да го платат долгот на 12 рати.

Граѓаните втор месец го чекаат најавеното простување на каматите на долговите постари од три месеци кон државните и јавните претпријатија, како и за даноци кон државата. Кога ќе се донесе законско решение за решавање на овој проблем, најавено како дел од Петтиот пакет мерки не се знае. Меѓу законите од овој пакет кои се на разгледување во Собранието денеска таков закон нема, а од  Министерството за правда кое треба да го подготви немаат одговор што се случува со законот. Синдикатите велат дека законот треба што побрзо да се донесе и бараат исто како и компаниите системско решение со кое ќе се стави крај на проблемот. Граѓаните се задоволни што ќе треба долгот да го платат на 12 рати, само да ги одбегнат извршителите и блокираните сметки.

Од Министерството за правда кое треба да го подготви законот две дена не одговорија на прашањето на Плусинфо до каде е подготовката и кога ќе се донесе таков закон.

Според она што беше најавено на презентацијата на Петтиот пакет мерки во февруари, мерката треба да опфати најмалку 180.000 граѓани на кои јавните претпријатија и другите државни компании и институции ќе треба да им ги избришат каматите на долговите, под услов тие да го платат долгот на 12 рати.

– Целта ни е не веднаш да го вратат долгот, туку да склучат договори на 12 рати, тоа веројатно ќе го доразработиме со ратите, но и комплетно да ги избришеме каматите – изјави при презентацијата на мерките премиерот Зоран Заев.

Заев тогаш рече дека на овој начин и јавните претпријатија ќе го наплатат долгот.

– Имаме многу јавни претпријатија, државни и општински, коишто не може да ги наплатат и редовните сметки, поради тоа што ги книжат граѓаните како должници, а граѓаните не може и стари и нови сметки да плаќаат. Оттука намерата е да ги избришеме сите камати за долговите коишто се за физички лица, за граѓаните кои допираат до државните и општинските институции – рече премиерот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •