август 5, 2021

Филипче: Здравствените работници ќе го добијат бонусот од пет проценти овој месец

Здравствените работници во текот на овој месец ќе го добијат покачувањето на плата од пет проценти за март, најави министерот за здравство Венко Филипче, појаснувајќи дека досега се барало начин како тоа формално правно да се направи.

Потенцира дека на состаноци со претставници на Синдикатот на здравствени работници се дискутирало дали покачувањето може да биде дел од анексот на Колективниот договор или со оглед на тоа што сумата од пет проценти доаѓа како поддршка преку кредитот од Светска банка не може да се пресмета во основната плата, ќе биде како бонус- додаток.

– Во таа смисла ќе биде и нешто поголема сума заради тоа што ќе биде само дополнување. Средства се обезбедени и овој месец ќе ги добијат петте проценти, изјави Филипче.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •