октомври 23, 2021

Николовски го засилува тимот за борба против корупција со 10 нови луѓе

Вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски информираше дека објавиле оглас за ангажман за 10 лица, кои, како што објави тој на фејсбук, ќе се приклучат во борбата против корупцијата.„Идните членови на тимот ќе помогнат во креирањето и реализацијата на системски мерки за спречување и искоренување на оваа појава. Нашата цел е да го вклопиме искусниот кадар со нови, прогресивни, енергични и високоедуцирани млади луѓе кои се подготвени несебично да придонесат во создавањето коренити промени во македонското општествено делување“, вели Николовски.Тој додаде дека тимот го одбираат преку транспарентна и правична селекција.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •