мај 19, 2021

Ветрови од 120 км/ч превртиле брод: Драма кај Њу Орлеанс, се трага по 12 лица (видео)

Силни ветрови од 120 километри на час превртиле брод во близина на американски Њу Орлеанс, а во тек е потрага по екипажот.

Како што пренесуваат американските медиуми, наводно на бродот имало 18 лица, а крајбрежната стража соопшти дека досега се спасени 6 лица. На терен се спасувачките служби, но и бродови кои биле во близина на несреќата.

Наводно крајбрежната стража пристигнала 30 минути после превртувањето на бродот кој бил долг 40 метри, а веднаш од водата биле извлечени две лица. Неколку други бродови во приватна сопственост спасиле уште четири лица.

Инаку, станува збор за брод кој се користи за транспорт на работници до нафтените платформи, во сопственост на компанијата „Сикор Марин“ од Хјустон.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •