септември 17, 2021

БОРИСОВ НАЈАВИ ДЕКА НЕМА ДА БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ПРЕМИЕР НА БУГАРИЈА

Бугарскиот премиер Бојко Борисов објави дека нема да биде кандидат за премиер во новиот кабинет, што ќе го предложи ГЕРБ. Тој најави дека ќе биде номиниран друг кандидат.

Сепак, Борисов не објави кого ќе предложи партијата  за премиер, но само прецизира дека тоа нема да биде вицепремиерот Томислав Дончев.

Тој ги повика сите други политички актери да се однесуваат одговорно како ГЕРБ. Борисов рече дека не се плаши од формирање привремена влада.

– Ова прашање значи за оние што го поставуваат тоа дека се плашат од демократијата. Бидејќи привремената влада има улога да организира фер избори.

Владата на Бојко Борисов денеска ја одржа последната редовна седница пред да си даде оставка утре пред новоизбраниот бугарски парламент. До изборот на нов Совет на министри, кабинетот на ГЕРБ и на Обединетите Патриоти ќе се состанат во оставка.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •