септември 16, 2021

Филипче: Има предлог лекувањето на ковид приватно да се движи од 40.000 до 305.000 денари

Министерот вели дека измените на Законот за здравствена заштита се однесуваат на утврдување на највисоки цени што приватните болници ќе може да ги наплаќаат на ковид пациентите кои здравствената услуга ја плаќаат со лични средства.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук вечерва објави дека на денешниот работен состанок со вицепремиерот Љупчо Николовски било разговарано за измената на Законот за здравствена заштита.

Министерот вели дека измените на Законот за здравствена заштита се однесуваат на утврдување на највисоки цени што приватните болници ќе може да ги наплаќаат на ковид пациентите кои здравствената услуга ја плаќаат со лични средства.

„Предлогот на Законот е цените во приватните болници да бидат изедначени со рефернтните цени утврдени од Фондот, односно дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари. Ова е заклучокот на ГККШ, предводен од претседателот на Владата Зоран Заев, кој предлог утре ќе се најде на седница на Влада“, додава Филипче.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •