август 5, 2021

Фамилијата Рашковски ќе гради хациенда од 800 м2 во Побожје, како инвеститори се заведени неговите деца

Луксузна хациенда на Скопска Црна Гора, во викенд-населбата Побожје, ќе гради семејството на Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар во Владата, сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмите за работа на Владата.

Како што објави Алсат, инвеститори на објектот се две малолетни деца на Рашковски.

Рашковски во Побожје поседувал 11 илјади кавадратни метри земјоделско земјиште. Го впишал во анкетниот лист по изборите лани. Но, овој имот го нема во неговиот претходен анкетен лист, кога дојде на функцијата генерален секретар на Владата. Го купил потоа, за речиси 100 илјади евра. Колку заработува, а колку троши, истражува и Антикорупциската комисија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •