август 5, 2021

Министерот Хоџа живее како шеик на државен трошок: За шест месеци потрошил повеќе од 22.000 евра на кафе и ручеци

Од минатата година сме во пандемија и буџетот на министрите е намален за трошоци, но за срамот да биде уште поголем е што дури и да не беше пандемијата, овие претерани суми за кафе и храна на министерот Хоџа се над границата на основните потреби, пишува Шќип медиа.

Аријанит Хоџа, министер за земјоделство од редовите на Движењето БЕСА, од септември, кога беше назначен на функцијата до 28 февруари годинава, односно само за 6 месеци, потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство, односно во бифето „Концепт БАР“, компанија за послужување кафе и храна што го доби тендерот од македонската влада, пишува порталот Шќип медиа.

„Имајќи предвид дека од минатата година сме во пандемија и буџетот на министрите е намален за трошоци, но за срамот да биде уште поголем е што дури и да не беше пандемијата, овие претерани суми за кафе и храна на министерот Хоџа се над границата на основните потреби. Од шест месеци кои имаат 180 дена, само 110 дена се работни денови, отстранете ги викендите, тука и празниците од септември до февруари, така што министерството на Хоџа има дневни трошоци за кафе и храна приближно 210 евра на ден“, објави порталот Шќип медиа.

Овие податоци се добиени од буџетската транспарентност при Министерството за финансии, проект финансиран од УСАИД и ИРИ.

Не е вистина дека тој трошок е на министерот. Во текот на утрешниот ден ќе излезам со објава на точните податоци, вели министерот, Арјанит Хоџа во изјава за „Локално“, откако порталот Шќип медиа објави дека министерот за земјоделство од редовите на Движењето БЕСА, од септември, кога беше назначен на функцијата до 28 февруари годинава, односно само за 6 месеци, потрошил 22.794 евра за кафе и ручек во Министерството за земјоделство.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •