јуни 21, 2021

ЦИВИЛ со онлајн програма ќе ја одбележи петгодишнината од Шарената револуција

По повод пет години од Шарена револуција, ЦИВИЛ денеска напладне ќе организира програма во живо, на која ќе покани активисти за човекови права кои учествуваа во оваа револуција. Програмата ќе биде пренесувана на фејсбук страницата и на Youtube каналот на ЦИВИЛ.

-Денот кога започна Шарената револуција, 12 април, ќе остане запаметен во македонската историја како симбол на борбата против режимот и диктатурата на една власт која никогаш повторно не смее да ни се случи. Борбата продолжува. На овој ден, се сеќаваме и на сите други протести, граѓански иницијативи и движења со кои граѓанките и граѓаните на Република Македонија го изразуваа својот протест против недемократските политики и практики на било која власт, во било кое време, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.

ЦИВИЛ ќе го одбележи настанот со порака „Борбата за човекови права и слободи, правда, слобода и еднаквост во нашето општество продолжува“.

-Оваа година, соодветно на мерките за спречување на ширењето на корона вирусот, освен со програма во живо, ЦИВИЛ ќе го одбележи Денот на граѓанскиот пркос со серија текстови, фото и видео прилози на својата медиумска платформа која своевремено беше една од ретките што го пробиваше медиумскиот мрак наметнат од режимот. Со оваа иницијатива, ЦИВИЛ им оддава длабока почит и признание на сите слободољубиви граѓанки и граѓани кои поминаа месеци и години на улиците низ целата земја, барајќи почитување на човековите права и слободи за сите, соопштија од здружението.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •