септември 24, 2021

Филипче: Бидете трпеливи, има вакцини за сите!

Денеска во СЦ „Борис Трајковски“ почна вакцинирањето на новинарите и медиумските работници над 40 годишна возраст.

Запрашан за вакцинација на останатиот дел од граѓаните во Македонија, министерот за здравство, Венко Филипче повика на трпеливост.

„Сите луѓе кои што се во приоритетните групи ќе бидат вакцинирани. Драго ми е што денеска одзивот на новинарите за вакцинација е голем, а овој месец стигнуваат нови вакцини во нашата држава. Повикувам на трпеливост кај населението, има вакцини за сите“, истакна Филипче.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •