септември 17, 2021

Словенија по шест месеци го укинува полицискиот час, се отвораат училиштата

После 11-дневно „заклучување“, во Словенија денеска се олеснуваат мерките, се укинува 6-месечниот ноќен полициски час и повторно се отвораат училиштата.

Во основните училишта повторно ќе почне наставата, додека во средните ќе биде воведен алтернативен модел според кој групите на средношколци кои доаѓаат во училиштата ќе се менуваат еднаш неделно со оние кои наставата ја слушале од дома.

На факултетите и понатаму ќе важи построг режим за одржување на наставата со помали групи од најмногу 10 студенти, на кои ќе им биде дозволено да доаѓаат на факултетите заради вежби или испити, пренесува СТА.

Повторно ќе бидат отворени продавниците и културните институции, на ски центрите исто така ќе им биде дозволена работа, а се укинува забраната за спортски активности во кои не се вклучени повеќе од 10 луѓе.

Носењето на заштитни маски во затворен простор и понатаму е задолжително, но се укинува носењето на маски на отворен простор, мерка која покрај полицискиот час беше многу непопуларна во Словенија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •