ноември 30, 2021

СЕ ПРЕВРТЕ АВТОБУС НА ПАТОТ БИТОЛА – КИЧЕВО, ИМА ПОВРЕДЕНИ

Се преврте автобус на патот Битола – Кичево, кај Драгарино. Автобус излетал од патот откако претходно се судрил со трактор.

Според првичните информации автобусот превезувал патници од фабрика која се наоѓа на периферијата на Битола.

Повредени се патници и се превезуваат во клиничкиот центар во Битола, а увид на лице место врши и полиција.

Сподели
 
 
 
   more