септември 22, 2021

Села манипулира со бројот на Албанци кои немаат државјанство, вели Адеми

Арбр Адеми

Со цел да се стекнат со ситни политички поени лидерите на албанската опозиција се служат со манипулации околу бројот на Албанци кои немаат македонско државјанство, изјави во Собранието пратеникот од ДУИ Арбер Адеми повикувајќи ја притоа албанската опозиција да престане да си игра со чувствата на Албанците и да почне да ја игра улогата на вистинска опозиција, односно да биде коректор на власта.

„Во периодот од 1991 до 2021 година, односно за 30 години од независноста со македонско државјанство се стекнале 43.321 Албанец, а одбиени се 3.374 барања. Во постапка за државјанство се над 2.674 барања, од кои помалку од половина, односно помалку од 1.300 се од Албанци“, изјави Адеми.

Според Адеми изјавите на Села изминатиот период во однос на лицата кои немаат македонско државјанство се несериозни и трагични.

– Прво велеа дека 70 илјади немаат државјанство, па после 7 илјади или помалку лица без државјанство“, рече Адеми.

Пратеникот од редовите на ДУИ додаде дека е оптимист за изнаоѓање заеднички јазик со опозицијата со што ќе им се помогне на граѓаните , бидејќи 16.000 лица се останати без плати поради блокадата на опозицијата во Собранието.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •