октомври 22, 2021

Свиркачи до ЕМА доставиле документи за четири смртни случаи по Спутник В, од Гамалеа тврдат дека кај ниту еден не е пронајдена никаква врска со вакцината

Геополитичката игра со вакцините, особено руската, доби нов пресврт кога непознат свиркач испрати документи до Европската агенција за лекови (ЕМА) кои покажуваат дека четири лица починале откако добиле Спутник В. 

Ова го пишува Вечерњи лист.

ЕМА соопшти дека сериозно ја сфаќа проверката на вакцините и ги испитува наводите, додека Русија потврдува дека документите се точни, но и дека смртните случаи немаат никаква врска со добиените дози. 

Сето ова се случува кога некои европски земји, а Германија е последна во низата, покажат интерес за увоз на вакцини од Русија. 

Внатрешни документи на руското тело за заштита на потрошувачи, вклучително и безбедноста на вакцинацијата РосПотребНадзор, откриваат дека починале три жени на возраст од 51, 69 и 74 година кратко време по примањето на Спутник В. Четвртата смрт не беше идентификувана во документите испратени до ЕМА. 

Но, експертите ја припишуваат смртта на компликации поврзани со срцето, белите дробови или шеќерот во крвта, тврдејќи дека руската вакцина не е нужно причина за смртта. 

Вирусологот Денис Логунов од Институтот за епидемиологија и микробиологија во Гамалеа, кој го разви Спутник В, потврди дека протекле внатрешни документи. Исто така, како коавтор на трудот за безбедноста и ефикасноста на руската вакцина објавен во списанието „Лансет“, тој рече дека сите случаи биле испитани и дека не е пронајдена никаква врска со вакцината. https://ads.faktor.mk/www/images/9fb13a3bf93b4f5d95d9e7d59bae3af8/index.html?clickTag=https://ads.faktor.mk/www/delivery/ck.php?oaparams=2__bannerid=4245__zoneid=37__cb=2696a8fbdd__oadest=

Весникот посочува дека навистина биле регистрирани четири смртни случаи во третата фаза, но е исклучена можноста вакцината да има каква било улога. 

Од ЕМА, пак, велат дека сериозно го сфаќаат извештајот. Во овој случај, наводите сугерираат дека вакцината не е безбедна, што е главен аспект на проценката пред да се даде привремено одобрување, но во овој момент не можам да го дадат својот конечен став. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •