септември 17, 2021

САД ја предупредија Русија: Ќе има последици, ако дојде до агресија во Украина

Соединети американски држави ја предупредија Русија дека ќе сноси последици, ако дојде до агресија во Украина, по распоредувањето на руски сили на украинската граница. Во интервју за Ен-Би-Си , американскиот државен секретар Ентони Блинкен не го прецизираше можниот одговор на САД, но потенцира дека на границата има повеќе трупи од 2014 година, кога беше првата руска инвазија.

-Претседателот Џо Бајден беше јасен, доколку Русија дејствува непромислено или агресивно, тоа ќе ја чини скапо, тоа ќе има последици, изјави Ентони Блинкен, државен секретар на САД.

Шефот на американската дипломатија, кој во петокот телефонски разговараше со францускиот и германскиот колега за темата Украина, истакна дека „САД и европските партнери имаат исти проблеми“,

Во војната во Донбас, која почна во април 2014 година, по прозападната револуција во Украина и руската анексија на Крим, досега се убиени повеќе од 13.000 лица и раселени се околу 1,5 милион локални жители.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •