октомври 23, 2021

Пет години подоцна Македонија е далеку полошо место за живеење

На денешен ден пред пет години почна шарената револуција.
Пет години подоцна Македонија е далеку полошо место за живеење. Економијата колабира, криминалот зема се поголеми размери. Македонија е под водство на нарко картел кој финансиски ги контролира најголем дел од порите во општеството. Ни ја редефинираат историјата, ни го менуваат идентитетот, не крадат!
Македонија е далеку помалку безбедно место за живеење.
Медиумите се уште понеслободни во споредба со режимот на Груевски. Владее леснотија на умирањето, додека владетелот хара со свита мотори низ државата.
Пет години подоцна 90% од оние кои учествуваа во шарената револуција се срамат од своите постапки. Останатите се дел од владејачката каста која заработува многу крадејќи од народот.
Шарената револуција е доказ дека од неписмените полоши се само полуписмените!
Не смееме да ги заборавиме злосторствата кои ги донесе “револуцијата”, потребно е да создадеме нова платформа која конечно ќе донесе демократија во Македонија!

Автор: Љупче Златев

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •