ноември 27, 2021

Од денеска па во следните денови протести пред Владата од 12 до 15 часот

Влада на РМ

Денеска во 12 часот пред Владата, ќе има протест на угостителите кои организираат настани. Исто така се најавува протестите да бидат секој ден од 12 до 15 часот се до наоѓање на взаемно прифатливо решение.

-Се до постигнување на взаемно прифатливо и одржливо решение, секој ден ќе се случува протест од 12 до 15 часот“, велат од Асоцијација на Ивент Индустрија ИВАП.

За 13 часот е најавена и прес конференција пред Владата.

-Да потсетиме, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии. Нашите компании се пред колапс, велат од ИБАП.

Сподели
 
 
 
   more