јуни 21, 2021

Нови 30 дена притвор за Камчев, бизнисменот останува во „Шутка“

Бизнисменот Орце Камчев и понатаму ќе остане во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи Кривичниот суд денеска му одреди нови 30 дена притвор.

-Постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Ј.К., донесе решени со кое се уште постојат околностите од член 165 ст.1 т.1 од ЗКП и го прифати предлогот на обвинителството со што ја продолжи мерката притвор за 30 дена, велат од судот.

Камчев е еден од осомничените во случајот „Плацевите на Водно“, а обвинителството побара продолжување на мерката притвор, бидејќи првите 30 дена истекуваа за два дена.

Одбраната на Камчев, пак, претходно најави дека до Судскиот совет на РСМ ќе поднесат преставка за несовесно и нестручно работење на судијата на претходна постапка.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •