јуни 22, 2021

Инспeктop од Куманово снимен како се договара со дилeр: „Hикој немa да те диpa од колегите“ (видео)

Снимки од телефонски разговор од две ипол минути помеѓу, наводно, локален дилер во Куманово и наводно, инспектор за недозволена трговија и шверц во градот, се шири на социјалните мрежи.

Никој нема да те дира од колегите. Значи зависи од тебе, јас едно ќе ти кажам јас веќе нема да ти вакво. Али едно друго значи да знаеш на улица ако се сретнемо ќе имаш проблем, а јас можам да те бутнам кога сакам, имам конкретни информации за тебе лично, ама ти ме играш мушки, едно кажуваш друго постапуваш и ми креваш глас, започнува разговорот.

Инспекторот, најверојатно Албанец, го уверува дилерот кој пуши џоинт додека разговара, најверојатно Македонец, дека за него има доволно материјал да го уапси, но нема да го апси. Дилерот од друга страна, пак, вели дека имал домашни проблеми и вели дека тоа што е договорено ќе биде завршено само му е потребно малку време.

И јас сум човек од крв и месо, треба да се прилагодам малце ти кажав, а тоа што ти кажавте го завршиме стојам на збор јас, вели тој.

Инспекторот инсистира договореното да се заврши.

Види некој наваму или натаму, ти си на улица друже, му вели инспекторот.

Дилерот повторно го упатува на домашните проблеми и вели дека не може да собере доволно пари.

Епа не сум ова од кога ми се случи со автомобилот, проблем со мајка ми, не можам пари да соберам, додава дилерот.

Дилер се договара со инспектор од НТШ. Инспекторот му вели имам материјал за тебе ама не те апсам. Дилерот Македонец, инспекторот Албанец, ЕДНО ОПШЕСТВО ЗА СИТЕ функционира брилијанто!

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •