октомври 21, 2021

Бујар Османи: 2.000 вакцини денеска доаѓаат од ОАЕ преку мој контакт

Министерот за надворешни работи Бујар Османи објави дека денеска ќе пристигнат 2.000 дози на вакцина против Ковид-19 од Обединетите Арапски Емирати по негова интервенција.

„Благодарност до министерот за надворешни работи на Емиратите за покажаната солидарност. Вчера контактирав со министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдулах бин Зајед, со барање за вакцини. Неговиот одговор беше брз и моментален, еден дел од 2.000 вакцини испратени уште денес за да се обезбеди континуирана вакцинација се додека десетици илјади други не стигнат од Европската унија“, објави министерот на Фејсбук.

Османи не кажува засега за која вакцина станува збор. Министерот за здравство Венко Филипче денеска пред новинарите рече дека преку кординација со амкедонскиот амбасадор во ОАЕ било договорено вакцините да слетаат на софискиот аеродором, а од таму денеска да пристигнат во Скопје.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •