септември 28, 2021

Смешно е кога некој наместо Скопје ќе рече метропола

Колумна на Зоран Михајлов:

Ние повозрасните, веќе ни е јасно оти од старото Скопје не остана ништо. Ниту традиционалниот живот, ниту дружењето, ниту мирот, ниту чистотата. За воздухот и не сакам да зборувам, малку по малку тој не загушува и ни го скратува животниот век. Еве, во пролет сме, ама го нема како во минатото оној цветен мирис од дрвата, го немаш она чувство во воздухот оти студените денови се минати и дојде пролетта. Но, што да се прави, урбанизацијата, а посебно сообраќајот го загуши нашето живеење и вдишување на чист воздух. Како во многу области од животот работите се изместени. Не вреди ниту да се споменува што треба и како треба. А, кога некому му се одмилува градот во кој што живее, тогаш станува јасно оти многу работи се „забегани“, а за жал враќање назад нема. Не може да се вратат ниту дрвата, посебно липите кои беа ајде ќе ја употребам и јас таа можеби веќе излитена фраза „белите дробови“ на градот. Но, навистина така беше.

Е, сега некој од помладите можеби ќе се насмее и ќе рече „па што сакаме, ова е ново време, нема да живееме само од спомените на минатото“. Ќе одговорам, не живееме со тие спомени, туку пишувам и за нивно добро – да живеат во една убава урбана средина, а не во град, посебно во Дебар Маало во кое и не може да се помине, а кога одам пешки стравувам да не ми падне и некоја саксија од балконите, кои надвисуваат над тротоарите од начичканите згради. Што е интересно пак и архитектите, некои што беа и на врвни општински и градски позиции, ја критикуваат оваа урбанизација, а забораваат дека и тие имаат – и тоа голем удел, за ова што е денеска така. Продолжете со читање на скопско ехо.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •