септември 17, 2021

Полицијата растурила забава во Белгија каде се прекршувале мерките, младо момче при обидот да избега, паднало и починало

Дваесетгодишно момче падна од прозорец и почина во неделата наутро при бегство од белгиската полиција во Антверпен, која пристигна по пријава за неовластен собир поради пандемијата со ковид-19. Полицијата пристигнала во хотелот по пријава поради поплака за бучава, според медиумите, повикувајќи се на Државното правобранителство.

Осум учесници во забавата се обиделе да и избегаат на полицијата, а младиот човек се излизнал низ прозорецот, паднал и починал, и покрај обидите за реанимација се додека не пристигнала брзата помош.

Државното правобранителство започна истрага, а градоначалникот на Антверпен, Барт Де Вевер е „шокиран“. „Смртта на така младо лице бара сериозно да преиспитаме какви последици имаат долгите периоди на блокирање врз менталната состојба, особено кај младите“, рече Де Вевер. Во Белгија, во обид да се бори против ширењето на коронавирусот, во сила е забрана за собирање и само едно лице од надвор може да посети едно домаќинство. Лицата фатени на нелегални забави можат да бидат казнети со 750 евра, а организаторите до 4.000 евра.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •