јуни 23, 2021

Филипче го обвини Вело Марковски за ширење антивакцинална кампања

Вело Марковски - 2

Министерот за здравство, Венко Филипче во вчерашното гостување на Канал 5 рече дека обвинувањата на опозицијата за справувањето со кризата не се издржани. Потенцираше дека членови на ВМРО-ДПМНЕ шират антивакцинална кампања.

-Справувањето со кризата дава резултати, кривата паѓа. Ниту еден пациент не остана без кревет во болниците. Обвивувањата на опозицијата не се темелат на ништо издржливо. Само лаги и клевети. Некои членови на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста кажуваат нешто што оди во прилог на антивакцинална кампања. Конкретно докторот Вело Марковски, нешто што е незамисливо за докторската фела. Тој ја спори безбедноста на вакцините. Тоа може да го загрози јавното здравје, рече Филиче.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •