мај 15, 2021

Спасовски и Чулев на распит како сведоци во истрагата за софтверот на Рашковски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот претходник од редовите на ВМРО ДПМНЕ Наќе Чулев, биле на распит во Одделението за гонење на организиран криминал и корупција, а во врска со набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци од страна на Драги Рашковски, поранешниот генерален секретар на владата што го купил од „Инвока” за потребите на МВР, јави Сител.

Информацијата ја потврдила обвинителката Вилма Русковска која изјавила дека Спасовски и Чулев биле повикани како сведоци во постапката.

Спасовски како сведок во Обвинителството се појавил во средата, а еден ден по него и екс-министерот Наќе Чулев.

По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, вчера претреси беа извршени во фирмата „Инвока груп“ од која, во име на владата Рашковски го набавил софтверот, како и во домот на сопственикот на фирмата. Повеќе детали за истрагата засега не се откриваат.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •