јуни 21, 2021

ИК на ВМРО – ДПМНЕ бара експертска влада, Сајкоски назначен за раководител на изборниот штаб

Со одлуката донесена на денешната седница на Извршниот комитет, Ѓорѓија Сајкоски ќе раководи со републичкиот штаб на партијата на годинешните локални избори.

Претстојните избори ќе бидат прв тест за Сајкоски на чело на изборниот штаб, откако минатата година беше именуван за генерален секретар.

На денешната седница ИК го реактуализираше и барањето за експертска влада.

Според заклучокот од седница на ИК, ВМРО-ДПМНЕ, „државата тоне во секој поглед, институциите се крахирани со изгубена доверба, а пандемијата ги коси граѓаните заради неспособноста на власта“.

Опозицијата со став дека на државата како никогаш досега ѝ е потребна експертска влада, која, како што се вели во заклучоците, ќе ја избави државата од кризата во која ја втурнаа СДСМ и власта..

„Во најбрз можен рок бараме одговорност од власта за аферата “Мафија”, но и за целиот овој криминал за кој сме сведоци периодов, додека пак оставките се неизбежни, а кривичната одговорност треба да биде испорачана“, се наведува меѓу другото, во соопштението од седницата на ИК.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •