август 5, 2021

Драги: Ердоган ја понижи претседателката на Европската комисија (ВИДЕО)

Премиерот на Италија Марио Драги го обвини претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган дека ја понижил претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Тој кажа дека е важно „да се биде искрен со диктаторите“.

Фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел се сретнаа со Ердоган во средата во Анкара. Претседателката на ЕК беше видно изненадена кога Ердоган и Мишел седнаа на двете подготвени столчиња, поради што таа мораше да седне на кауч.

„Апсолутно не се сложувам со однесувањето на Ердоган кон претседателката Фон дер Лајен. Мислам дека тоа беше несоодветно однесување и многу ми е жал поради понижувањето кое го доживеа Фон дер Лајен“, кажа Драги.

Тој истакна дека со луѓето како Ердоган, кои треба да се нарекуваат диктатори и со кои во секој случај мора да се координира работата, треба да се биде целосно искрен во изнесувањето на поинаквите гледања и мислења.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •