јули 27, 2021

Арсовски: Дали комбето во кое е фатена дрогата е на фирма на картелот Заеви?

После ова нема преговарање за помала казна како во филмовите „Наркос” и „Ел Чапо”. После ова паѓате како круши и ‘фино-поштено’ си лежите робија, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на Фејсбук.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на Фејсбук праша дали е на повидок нова афера „Картелот Заеви”.

Тој вели дека МВР молчи и е во паника, а неофицијалните информации кои ги има партијата се дека запленета е дрога од ДЕА во вредност од 800.000 американски долари, во бело комбе со грчки таблици, во сопственост на фирма која е партнер во битолската фирма за канабис „Медикал 420”, а придружните возила на дрогата биле управувани од возачот на Трајче Заев (прв и најблизок братучед на премиерот Заев) и од Кире ‘Чипсио’ Спиркоски кој, како што наведува Арсовски, е близок до СДСМ и до Оливер Спасовски и е командир на ПС Прилеп.

„Ниту една случајност, туку напротив, сѐ упатува до семејството, кои веќе се картел, Заеви и секако до власта на СДСМ. Прашањето кое во најбрз можен рок мора да биде одговорено од властите е дали во фирмата „Медикал 420” со чие возило се возела дрогата од блиските луѓе на Заеви, сопственички удел преку своја фирма имаат Трајче Заев и Бобан Заев??? Дополнително, да потсетам дека фирма со име „Медикал 420БГ лтд” од овие двајца (Заеви) беше отворена уште на 20.05.2019 година во Петрич. За овие фирми на семејството Заеви во Бугарија јас лично имам говорено јавно. Дали ова е случајност или не? Да бидам директен, дали комбето во кое е фатена дрогата е во сопственост на фирма на картелот Заеви???

ПС: После ова нема преговарање за помала казна како во филмовите „Наркос” и „Ел Чапо”. После ова паѓате како круши и ‘фино-поштено’ си лежите робија, пишува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на Фејсбук.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •