септември 27, 2021

УЕФА ПОТВРДИ ДЕКА ЌЕ ИМА ПУБЛИКА НА НАТПРЕВАРИТЕ ОД ЕП 2021

Европската фудбалска унија потврди дека натпреварите од претстојното ЕП на кое ќе учествува и Македонија ќе се играат пред публика.

Во зависност од епидемиолошката ситуација во државата домаќин ќе има адекватно ограничување на бројот на гледачите. Македонија своите средби против Австрија, Украина и Холандија ќе ги игра во Букурешт и во Амстердам кои денеска добија дозвола да почнат со продажба на 25 до 33 отсто од капацитетите на стадионите кои во нормални услови можат да примат околу 55 000 публика.

УЕФА информираше и дека продажбата на билетите за навивачите на Македонија и на другите селекции што изборија пласман преку Лигата на нации ќе почне најрано во мај, без да го прецизира точниот датум.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •