ноември 27, 2021

Претседателот на ФФМ Сејдини барал да се тргне селекторот Мрме од химната за Европско (видео)

Фудбалската федерација на Македонија нарачала химна со која ќе се бодрат репрезентативците на претстојното Европско првенство, меѓуто претседателот на ФФМ Мухамед Сејдини побарал да биде променет еден стих во кој се спомнува селекторот на репрезентацијата, Игор Ангеловски, со неговиот прекар Мрме.

Ваквото барање предизвикало револт кај дел од фудбалерите, меѓу кои и кај Горан Пандев и Илија Несторовски, кои  за „360 степени“ велат дека се изненадени од ваквата постапка на Фудбалската федерација и ја сметаат за срамна и некоректна.

-Како можат да се дрзнат да го тргнат селекторот или некои играчи од химната, тоа е некоректно и жално. Мислам дека стигнала оваа порака до Федерацијата и мислам дека треба добро да размислат пред тоа да го направат. Но, тоа е за секоја осуда. Ја покажаа нивната некомпетентност, нечовечност. Нема да биде коректно да го тргнат селекторот. Ајде, да ги ставиме тогаш луѓето од Управен одбор во химната, дека тие се најзаслужни што се пласиравме на ЕП. Треба да разберат дека ова е репрезентација на сите, а не нивна – рече Пандев.

Селекторот Ангеловски, пак, за „360 Степени“ вели дека е несфатливо зошто е трн во очите на Федерацијата кога, како што вели, испорачал најдобри резултати досега во фудбалската историја.

Нека им служи на чест на тие што сакаат да го направат тоа. Не побарав одговор од претседателот на Федерацијата, тоа е негов на чин на однесување и капацитет на водење. Јас сум професионалец и селектор на фудбалската федерација на Македонија – прокоментора Ангеловски.

Од „360 Степени“ велат дека за да го превенираат објавувањето на текстот на официјалната фејсбук страна на на ФФМ се објавила химната во која сепак не е отстранет стихот со Мрме.

Извор: 360

Сподели
 
 
 
   more